/ Прочитано:

1.206

РАБОТИЛНИЦА НА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ: Стандардизирањето на најдобрите практики – основен услов за успешно управување со правните ризици

Еден од начините на кои Димитров придонесува да се воспостават темелите на воедначена правна пракса при управувањето со правните ризици е организацијата на Конференцијата на Академик, која оваа година по четврти пат ќе се одржи во Скопје, и на која се претставуваат и се опфатени сите релевантни чинители во областа на управувањето со правните ризици.

Работилница Правен факултет

Потребата од уредување на областа управување со правните ризици и унифицирање на правната пракса при постапувањето со ризици беше тема на денешното предавање на адвокатот Георги Димитров во рамки на работилницата „Управување со правни ризици“ на Правниот факултет во Скопје.

Процената на правните ризици, според Димитров, не може да биде иста во различни видови спорови. Елементите на ризик не се исти во граѓанска постапка, во трговските спорови или во работните спорови, поради што е потребна унификација или воспоставување најдобри практики во областа.

Апликацијата на квантитативните показатели на главните параметри на ризик треба да ја прави искусен адвокат, практичар кој во одредено време и контекст и на одредена територија ќе може да ги примени елементите на ризик кои може да бидат фиксни и варијабилни, но да бидат релевантни за случајот.

„Јас се залагам за оваа стандардизација на најдобрите правни практики, затоа што ова е една од ретките области во која адвокатите се важни бидејќи никој друг не може тоа да го прави. Затоа е потребно да се воспостави стандард не само во процената на правните ризици во споровите туку и во другите акти и дејствија кои ги правиме, како што се склучувањето договори, донесувањето одлуки, донесувањето закони и слично“, истакна Димитров.

Доколку најдобрите правни практики на полето на управување со правните ризици се стандардизираат и се донесат темелни документи кои ќе бидат не само корисни, туку и задолжителни за организациите, ќе се отвори огромно поле за работа на правниците, тие ќе се изедначат во значењето на оваа тема и ќе имаат слична улога како денешните ревизори, вели Димитров.

Еден од начините на кои Димитров придонесува да се воспостават темелите на воедначена правна пракса при управувањето со правните ризици е организацијата на Конференцијата на Академик, која оваа година по четврти пат ќе се одржи во Скопје, и на која се претставуваат и се опфатени сите релевантни чинители во областа на управувањето со правните ризици.

„Она што го имаме собрано од искуството на сите досегашни предавачи на конференциите на Академик ние уникатно го имаме кај нас“, вели Димитров.

Како треба да се развива областа на правните ризици

Првиот начин е преку стандардизирање на постапките кои ќе мора да бидат применувани од сите што може да се направи преку законски измени. Второ, големите, па и малите организации, да воспостават систем на управување со правните ризици. Трето, ваквите најдобри правни практики да бидат преточени и во компјутерски систем кој ќе биде компатибилен со системите коишто и сега ги користат компаниите кои ќе бидат индикатор за правните ризици.

„На овој начин ние ќе се заштитиме од фаталните последици од нашите правни активности, на она што го преземаме како правна активности, но и на она што не го преземаме бидејќи и нечинењето и пропуштањето може да ни донесе ризик или штета“, вели Димитров.

Управувањето со правните ризици е еден од „најжешките“ трендови во правото, потоа е правниот дизајн и трет тренд е правната технологија, смета Димитров.

Правни трендови се и темата на овогодишната конференција за управување со правните ризици.

АКАДЕМИК КОНФЕРЕНЦИЈА Управување со правни ризици: Правни трендови – Skopje Legal Risk Management: Legal Trends, 18 – 19 октомври, 2016 година