/ Прочитано:

1.003

Работилница нa тема: „Контрола на државната помош“

Вторник, 28 мај 2013Во  насока на правилна примена на Законот за контрола на државната помош  со акцент на улогата на судството во спроведувањето на законските решенија за контрола на државната помош со осврт на постапките пред националните судови во ЕУ и во Македонија, Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Македонија и Министерството за бизнис иновации и вештини – БИС од Лондон  ја организираат  последната работилница од циклусот работилници на тема: „Контрола на државната помош“. 

Работилницата е наменета за судиите и советниците на Управниот суд и Вишиот управен суд, а  ќе се одржи денеска во просториите на Академијата, со почеток во 10:00 часот.   Реализацијата на работилницата е во рамки на Проектот на Европската унија наменет за поддршка на Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) за контрола на државната помош. Со воведно обраќање до присутните, работилницата ќе ја отворат Јован Тодоров, раководител на Сектор за државна помош- КЗК и Крис Кирби, постојан Твининг советник, БИС Лондон.