Работилница за потребата од усогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција
Македонското женско лоби организираше работилница со Клубот на пратенички на тема: „Анализа на потребите од усогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција во Република Северна Македонија“.
На работилницата присуствуваа претставнички на Клубот на пратенички од сите политички партии и претставници на Министерството за труд и социјална политика.
Целта на работилницата беше да се претстави анализата која е изготвена како резултат од спроведениот проект кој се однесува на имплементирање на препораките кои произлегуваат од Истанбулската конвенција. Анализата се заснова на примарни и секундарни податоци. Примарните податоци се добиени по пат на интервјуа и квалитативно истражување на перцепции, со употреба на методот дискусија во фокус-групи со релевантни чинители и засегнати страни. Секундарните податоци се добиени преку кабинетско истражување.
Проектот „Застапување за експертски дијалог помеѓу Владата и Собранието за законски промени од областа на родово базирано насилство и родова базирана дискриминација, во согласност со меѓународните стандарди, механизми за човекови права и европски директиви и Истанбулска конвенција“ е спроведен од Македонското женско лоби во соработка со Центарот за истражување и креирање политики, поддржан од Телото на ОН за зајакнување на жените и родова еднаквост (UN WOMEN).
Во договор со Министерството за труд и социјална политика, фокусот на овој проект се активностите предвидени во Националниот акциски план за реализирање на Конвенцијата, а се однесуваат на измени во Кривичниот законик.
По претставувањето на проектот и презентирањето на анализата се разви дискусија, преку која се дадоа предлози во однос на промените што треба да се направат во Кривичниот законик, а се истакна и потребата од понатамошно опсервирање на проблематиката во однос на останатите закони за коишто е предвидено да претрпат измени во согласност со Конвенцијата.
Истанбулската конвенција пропишува низа стандарди кои треба да ги имплементира земјата потписничка
16 дена активизам против родово базирано насилство
АНАЛИЗА НА СЛУЧАИ НА ФЕМИЦИДИ: Потребно е фемицидот да се дефинира како посебно кривично дело
Оперативниот план за спроведување на Истанбулската конвенцијата на Министерството за правда
Законот за ратификација на Истанбулската конвенција пред пратениците
М.В