/ Прочитано:

403

Работна средба на обвинителката Вилма Русковска и Главниот обвинител на Република Бугарија Иван Гешев

Во просториите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Основната јавната обвинителка Вилма Русковска беше домаќин на Главниот обвинител на Република Бугарија Иван Гешев и јавниот обвинител и портпарол Сијка Милева кои се во дводневна посета на нашата земја.

​Во рамките на работната средба во фокусот на разговорите беше борбата против меѓународниот организиран криминал и корупцијата и превенција и сузбивање на тероризмот. Меѓу другото, обвинителите ја истакнаа и важноста од брзо постапување во меѓународната правна соработка, како и улогата што истата ја има во сузбивањето на транснационалниот криминал.

Иван Гешев и Вилма Русковска го истакнаа своето задоволство од досегашната соработка меѓу обвинителствата на Република Бугарија и Република Северна Македонија и надежите дека истата ќе продолжи и во иднина.

М.В