/ Прочитано:

1.009

Работна средба на претставници на апелационите судови и на Врховниот суд за хармонизирање на судската практика 

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ и Центарот за правни истражувања и анализи, со поддршка на Британската амбасада во Скопје, организираат работна средба на претставници на апелационите судови и на Врховниот суд на Република Македонија за хармонизирање на судската практика. Работната средба ќе се одржи од 5 до 7 декември 2018 година во Струмица.

На работната средба предвидено е учеството на претседателите на Врховниот суд на Република Македонија, на Апелациониот суд Битола, на Апелациониот суд Гостивар, на Апелациониот суд Скопје, на Апелациониот суд Штип, на Здружението на судии на Република Македонија и на Судскиот совет на Република Македонија, како и на судии од кривичниот оддел, од граѓанскиот оддел и од одделот за судска пракса во секој од наведените судови.

На работната средба е предвидено да се разгледаат спорни прашања од граѓанската и од кривичната област со цел усогласување на ставовите во насока на хармонизирање на судската практика.

М.В