/ Прочитано:

538

Работна средба во Стопанската комора во врска со измените на ЗРО и подзаконските акти

„Во Стопанската комора на Северна Македонија се одржа работна средба на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство и претставници од организационата целина за претставување на членките и вмрежување при Стопанската комора на Северна Македонија со претставници на Министерството за труд и социјална политика и Кабинетот на потпретседателот за економски прашања при Владата на Република Северна Македонија.

Оваа средба беше реализирана како заклучок од редовната квартална средба на Асоцијацијата со потпретседателот на Владата за економски прашања Битиќи и економскиот тим, а кој подразбираше формирање на работна група  со цел олеснување на подготовката на подзаконскиот акт произлезен од измените на Законот за работните односи во делот на воведување на  денот недела како неработен ден, а со кој би се дефинирале дејностите и работите кои не би можеле да  бидат прекинати поради непречено вршење на дејноста на компаниите.

Во конструктивна дискусија се разговараше за потребите и за процесите на компаниите од Асоцијацијата, но и на другите компании членки на Комората кои не смеат да го нарушат континуитетот на технолошкиот процес во целост, а кои се дефинирани како помошни или поддржувачки процеси. Тие треба да бидат вклучени во подзаконскиот акт кој би произлегол од измените на горенаведениот закон, кој треба да има апликативна примена од 1.10.2021 година.

Беше донесен заклучок што е можно попрецизно да се определат сите помошни и придружни дејности, односно работи во рамките на главната/претежната дејност со цел одржување на континуитет во работењето. Овие предлози, дадени од Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство и Советот на странски инвестиции, но  и од сите индустриски гранки, генерално, претставени преку Стопанската комора, ќе бидат доставени до крајот на месецов до Министерството за труд и социјална политика, како и до Кабинетот за економски прашања при Владата.

На средбата на претставниците од надлежните институции им беше пренесено очекувањето предлог-подзаконскиот акт  да биде доставен на разгледување до сите засегнати субјекти до средина на месец август за да има доволно време до неговата целосна имплементација за доработка или допрецизирање кое би било во насока на негова ефикасна употреба и разбирање од страна на сите инволвирани страни“, соопштуваат од Комората.

Недела како ден за неделен одмор станува реалност и значи унапредување на правата на работниците во државата“, соопштуваат од МТСП.

МТСП: Нема простор за злоупотреби на правото недела да биде ден на неделен одмор

Утврдени измените на ЗРО, според МТСП за над 92 проценти од вработените недела ќе биде ден за неделен одмор

Шахпаска: Новиот Закон за работните односи ќе понуди модерни решенија

Целосно ново решение за мајчинското и родителското отсуство во измените на ЗРО

Дејности кои се исклучоци од одредбата „Недела е ден на неделен одмор“ во предлог-измените на ЗРО

Секој вработен кој користел отсуство поради боледување или породилен одмор има право да го искористи неискористениот годишен одмор

Измени на ЗРО за поголема заштита на правото на неделен одмор

Измените на Законот за работните односи пред собраниските комисии

Прекин на договорот за вработување кога работникот ќе наполни 64 години возраст, предлагаат група пратеници

Синдикатите објавија повеќе барања за законски измени во корист на работниците

Законот за работните односи се хармонизира со европското законодавство

За предизвиците пред кои се наоѓа системот на пензиското и инвалидското осигурување – проф. д-р Лазар Јовевски

Прва конференција на ЗТСП посветена на актуелните состојби во трудовото и социјалното право

Ќе се одржи конференција за состојбите во трудовото и социјалното право, во организација на ЗТСП

Новините во Законот за работните односи изгласани во Собранието на РМ

Јавна расправа за потребните измени на ЗРО: Да се гарантира заштитата на работничките во случаите на бременост и породилно отсуство

Зголемување на минималниот износ на плата за приправник од 40 % на 70 % се предлага во измените на ЗРО

ИЗМЕНИ НА ЗРО: Новини за договорот за вработување, годишниот одмор, исплатата на приправниците, пробната работа, испратнината

Се подготвуваат измени на Законот за работните односи

M.В