/ Прочитано:

1.254

Работна средба за воедначување на домашната судска практика се одржува во Битола

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите на судството за заштита на човековите права и борба против нечовечно и понижувачко постапување и против неказнивоста“ финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Советот на Европа, организира средба на четирите апелациони судови за хармонизирање на судската практика, која ќе се одржи на 23 и 24 ноември 2017 година во хотел „Милениум“, Битола.

На средбата, покрај претставници од апелационите судови, дополнително ќе се вклучат и претставници од Судскиот совет на Република Македонија. На настанот е предвидено да се дискутираат спорни прашања од кривичната и од граѓанската област. Работната средба на апелационите судови ќе биде модерирана од Атанас Георгиевски, виш раководител на проектот, од Советот на Европа и Лиле Наумовска и Љиљана Чочкоска, претседатели на оддели од Апелациониот суд Битола.

Поздравни обраќања на денешната прва средба имаа: Лидија Тасева, судија, од Врховниот суд на Република Македонија, Елизабета Манели Ташевска, претседател од Апелациониот суд Битола и Атанас Георгиевски, виш раководител на проектот, од Советот на Европа.

М.В