/Прочитано:

522

Работни односи и заштита на личните податоци: Специјализирана обука на Академик за заштита на личните податоци на вработените

На 19.8.2021 година (четврток) Академик ќе одржи обука на тема: Сè што треба да знаете за целосно усогласување на обработката на личните податоци во контекст на вработувањето со Законот за заштита на личните податоци (обрасци од основните политики и инструменти за заштита на личните податоци во работните односи).

Обуката ќе се одржи од 10:00 до 14:00 часот, а предавач на обуката ќе биде Арбен Гудачи – правник и офицер за заштита на личните податоци во Македонското здружение на млади правници, и експерт за заштита на личните податоци, кој работи во оваа област од 2009 година.

Едно од прашањата кои се опфатени со новиот Закон за заштита на личните податоци (ЗЗЛП) е и обработката на личните податоци на вработените во друштвата, имајќи предвид дека за нив се обработуваат мноштво лични податоци, меѓу кои и финансиски, медицински и други чувствителни податоци. Контролорите/друштвата мора да обезбедат законска обработка на личните податоци на вработените, а неусогласеноста на работењето со ЗЗЛП може да резултира со казни од 2 до 4% од вкупниот годишен приход на друштвото.

Тимовите за човечки ресурси во друштвата ќе мора да направат анализа и внатрешна ревизија со цел идентификување на јазот за целосно усогласување со новиот Закон. Понатаму, треба да се изврши мапирање на сите лични податоци кои се обработуваат за вработените, кандидатите, како и за трети лица, и треба да се класифицираат во согласност со Законот. Исто така, потребно е контролорот да изврши ревизија на тековните политики, процедури, системи и технологии за човечки ресурси за да може да демонстрира усогласеност со ЗЗЛП, што е една од најбитните промени во новиот Закон.

Друга битна промена во Законот е и обврската за известување на АЗЛП и на вработените во рок од 72 часа во случај на какви било нарушувања во безбедноста на системот за заштита на личните податоци.

Дополнителна обврска со новиот Закон е прегледување и усогласување на сите договори со трети страни – обработувачи, како што се сметководствени компании, HR-компании, осигурителни компании и други.

Тимовите за човечки ресурси, како и офицерот за ЗЛП, се одговорни за комуникација на новите правила со вработените. Сите мора да бидат запознаени како да реагираат доколку некој побара пристап до податоците на компанијата. Вработените, секако, ќе треба да бидат запознаени и со сопствените права во врска со заштитата на нивните лични податоци. Обучувањето и подготвувањето на офицерот и на вработените за нивните улоги и одговорности е законска обврска.

Со цел олеснување на овој процес, АКАДЕМИК на учесниците на оваа обука ќе им овозможи да добијат и соодветни обрасци за полесно и попрактично да се постигне усогласување со новиот ЗЗЛП. Меѓу обрасците кои ќе бидат споделени со учесниците, а кои, во согласност со Законот, контролорите се обврзани да ги поседуваат и да ги имплементираат се: Политика за приватност, Изјава за приватност, Образец за мапирање, анализа и ревизија на обработката на личните податоци, Политика за известување за нарушување на безбедноста, Изјави за согласност, Евиденција по член 34, како и други политики и обрасци кои ќе го олеснат овој процес.

 Агенда

  • Заштита на личните податоци на работното место: клучни концепти во новиот ЗЗЛП
  • Обработка на личните податоци на вработените
  • Анализа и мапирање на личните податоци во самата компанија/кај обработувачи
  • Документација и политики за заштита на личните податоци на вработените
  • Права на субјектот на личните податоци
  • Практични примери и судска пракса
  • Прашања и дискусија.

Напомена: можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.

Цената за учество на обуката за едно лице е 6.200 денари со вклучен ДДВ.

Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 18.8.2021 година (среда), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

  • +389 02 3221 091 и
  • +389 02 3122 308.

Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.

Учесниците добиваат електронски материјали од обуката, вклучувајќи ги и обрасците на Политиката за приватност, Изјавата за приватност, Образецот за мапирање, анализа и ревизија на обработката на личните податоци, Политиката за известување за нарушување на безбедноста, Изјавите за согласност, Евиденцијата по член 34 и други обрасци, како и е-сертификат за учество.

Објаснување за платформата ZOOM

Обуката ќе се спроведува онлајн, преку платформата ZOOM, за што секој учесник неопходно е да располага со:

  • електронски уред (компјутер, таблет итн.),
  • стабилна интернет-врска,
  • микрофон и звучници (или слушалки).

Секој учесник што извршил уплата за присуство на обуката ќе добие е-пошта со линк до обуката на е-адресата што ја навел во пријавата за учество на обуката. Задолжително, при најавувањето, учесникот мора да ги внесе името и презимето со кои се пријавил за обуката.

За подетални информации за користењето на платформата Zoom, погледнете на https://akademik.mk/obuka-preku-platformata-zoom/