/ Прочитано:

813

Работниците бараат заштита на социјалните права, поголеми плати и почитување на работничките права

Сојузот на синдикатите на Македонија организираше протест со цел за заштита на економските и социјалните права на своите членови и на сите работници од работниот однос.

Предизвикани и поттикнати од актуелната општествено економска социјална состојба, недостатокот на слух од страна на Државните институции за навремено поднесените барања на ССМ како единствен репрезентативен синдикат во Државата, Сојузот на синдикатите на Македонија го организираше протест заради исполнување следните барања:

1. Усвојување на измените и дополнувањата на Законот за работните односи со кои се прогласува недела за ден на неделен одмор согласно договореното на Економскиот – социјален Совет по пат на социјален дијалог .

2. Измена и дополнување на Законот за минимална плата со која ќе се спречи минималната плата да изнесува под 60 % од просечната плата, односно истата да се зголеми најмалку на 18.000,00 денари и да се предвиди решение со кое и останатите плати ќе го следат растот на минималната плата.

3. Потпишување на Општиот колективен договор за јавен сектор.

4. Потпишување на Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

Протестот започна на 12.12.2021 година пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија во Скопје, а учесниците се движеа од зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија кон Собранието на Република Северна Македонија, каде што ќе беа упатени барањата на работниците, а потоа ќе продолжи кон седиштето на Организацијата на работодавачи на Македонија и Стопанската комора на Македонија каде што ќе бидат упатени барањата од протестот.

Во наредниот период, а во зависност од резултатите и брзината на преговорите помеѓу ССМ, Собранието, работодавачите и Владата, ССМ ќе повика на Генерален Штрајк кој ќе продолжи преку изразување на разни форми на изразување на работничкото незадоволство и синдикален притисок, на начин определен од страна на штрајкувачки одбор.

Се обраќаме до сите работници и граѓани ( пензионери, стечајни работници, невработени, студенти) на оваа Држава кои се засегнати од сите овие прашања, како и други прашања во врска со нивната егистенцијална положба, да ни се придружат и да ни дадат поддршка, односно безрезервно да ни се приклучат во сите активности што на овој план ќе ги преземеме во наредниот период зошто колку сме побројни толку сме посилни и погласни за обезбедување на нашите права.

Синдикатите бараат итно зголемување на платите поради ценовниот шок и донесување нов ЗРО

  • Веднаш да се усвои законското решeние за недела неработен ден, онака како што е усогласено помеѓу социјалните партнери, а со тоа конечно сите оние кои работат во дејностите каде не може да има застој во технолошкиот процес за работа во недела ќе им биде исплатена дневницата за тој ден зголемена за минимум 50%., а останатите 92% од работниците заслужено да одмараат.
  • Донесување на нов Закон за работните односи на кој се работи континуирано 3 години и кој е фундаментален закон во кој ќе се решат децениски проблеми како: договорите на определено време, прекувремената работа, регрес за секој работник, работата од дома и итн.
  • Итно зголемување на платите поради ценовниот шок кој предизвика зголемувања на сите производи, животни трошоци како и ограничување на неоправданиот раст на цените.
  • Затоа бараме итно зголемување на минималната плата на најмалку 60% од просечната плата и сите останати плати согласно коефициентите на сложеност на работните места утврдени во колективните договори по дејности.

ССМ бара пратениците да ги усвојат законите за унапредување на работничките права

М.В