/ Прочитано:

15.437

Ранг-листа од приемниот испит во Академијaтa зa судии и јавни обвинитeли „Павел Шатев“

Академијата за судии и јавни обвинители ја објави ранг-листата од приемниот испит во Академијaтa зa судии и јавни обвинитeли „Павел Шатев“.

akad 7

Ранг-листата со конечните резултати на кандидатите кои го полагале испитот во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Академијата ја објавува врз основа на членот 9 и членот 89  Законот за Академијата за судии и јавни обвинители.

Ранг-листата  на слушателите на почетна обука  Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Академијата ја објавува врз основа на членот 9 и членот 90 став 2 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители.

Во членот 9 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, кој се однесува на правичната застапеност, се вели дека при селекцијата на кандидатите за прием во почетната обука во Академијата, без да се нарушат критериумите предвидени со овој закон, се обезбедува соодветна и правична застапеност на граѓаните кои им припаѓаат на сите заедници во Република Македонија.

„Комисијата за приемен испит врз основа на завршната оцена, согласно член 87 став (1) од Законот, утврдува ранг-листа на слушатели на почетна обука и неа ја објавува на огласната табла и на веб-страницата на Академијата“, се пропишува во членот 90 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители.

Во членот 87, ставот 1, кој се однесува на утврдување и објавување на резултатите од испитот, се вели дека врз основа на добиените резултати од двата дела на испитот, Комисијата за приемен испит изготвува прелиминарна ранг-листа и ја објавува најдоцна во рок од 48 часа по завршување на полагањето на испитот.

Ранг-листата со  резултатите на кандидатите кои го полагале испитот во Академијата за судии и јавни обвинители може да се преземе од следниот линк

Ранг-листата на слушатели на почетна обука може да се преземе од следниот линк

М.В