/ Прочитано:

1.606

Распишан оглас за времено упатување на еден јавен обвинител во ОЈО Скопје

Огласот се однесува за времено упатување на еден јавен обвинител во ОЈО Скопје во времетраење најмногу до шест месеци.

Табла, Основно јавно обвинителство Скопје

Советот на јавни обвинители објави оглас за избор на еден јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје. Огласот се однесува за времено упатување на еден јавен обвинител во ОЈО Скопје во времетраење најмногу до шест месеци.

Според огласот, кандидатот за избор на јавен обвинител, освен условите предвидени во членот 45 од Законот за јавно обвинителство („Сл. весник на РМ“ број 150/07), Законот за измени и дополнување на Законот за јавно обвинителство („Сл. весник на РМ“ бр. 111/08), потребно е како посебен услов да исполнуваат:

Кандидатот за избор на јавни обвинители во Основно јавно обвинителство Скопје треба да ги исполни условите предвидени во членот 19 став 1 и членот 44 став 6 од Законот за јавно обвинителство („Сл. весник на РМ“ број 150/07).

Заинтересираните кандидати треба да ги достават пријавите и потребната документација, во оригинал или фотокопија заверена на нотар, и тоа: уверение за државјанство и лекарско уверение (да не се постари од шест месеци од денот на нивното издавање), доказ за работен стаж, диплома или уверение за завршен Правен факултет и потврда за положен правосуден испит во оригинал или фотокопија заверена на нотар, до Советот на јавните обвинители на Република Македонија ул. „Кеј Димитар Влахов″ бр. 4 во рок од 3 дена од објавувањето во „Службен весник на РМ“.

Некомплетните документи нема да се разгледуваат,  а приемот на документи е од 8:30 до 15:00 часот секој работен ден, се наведува во огласот објавен во „Службен весник“. Огласот е објавен во изданието на Службен весник од 27 јуни.