/ Прочитано:

1.436

Распоред на возење на мобилните даночни шалтери на УЈП за март

„Граѓаните и фирмите без да го напуштат своето место на живеење можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, да ги достават сите видови на даночни пријави, барања, како и да ги подигнат сите документи што ги издава Управата за јавни приходи“

ujp1_620_350.jpg

Управата за јавни приходи го објави возниот ред на Мобилните даночни шалтери, три специјално опремени комбиња, кои ги посетуваат даночните обврзници во населените места каде што УЈП нема постојани даночни канцеларии, како и на локации кои дополнително можат да се утврдат во соработка со општините и потребите на локалното население и бизниси.

„Граѓаните и фирмите без да го напуштат своето место на живеење можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, да ги достават сите видови на даночни пријави, барања, како и да ги подигнат сите документи што ги издава Управата за јавни приходи“, се наведува во соопштението.

За возниот ред на Мобилните даночни шалтери, можете да се информирате и преку Инфо центарот 0800 33 000 или на следниов линк.