Распоред за полагање на правосудниот испит во јунската испитна сесија

Министерството за правда денеска го објави распоредот за полагање на теоретскиот дел од правосудниот испит во јунската испитна сесија.

Кандидатите ќе полагаат Уставно уредување, управно право и меѓународно право на 1 јуни. Испитот по Кривично право е закажан на 5 јуни. На 6 јуни кандидатите ќе го полагаат испитот по Трговско право. Испитот по Граѓанско право е закажан на 12 јуни, додека испитот по Трудово право кандидатите ќе го полагаат на 13 јуни.