/ Прочитано:

1.134

Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата

Расправа за одложена примена на видеонадзорот при полагање возачки испит

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата по скратена постапка се предвидува одложена примена на одредбите што се однесуваат на условите што треба да ги исполнуваат автошколите во делот на видеонадзорот и се вршат интервенции од технички карактер со цел квалитативно подобрување на постојното законско решение, се наведува во предложените измени.

soobrakaj-guzva_06.jpg

Измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата по скратена постапка денеска се наоѓаат пред пратениците на Собранието. Со предложените измени се менуваат условите за основање и за работа на автошколите од членовите 231 алинеја 2, во делот што се однесува на видеонадзорот, и 233 став (1) алинеја 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија” бр. 169/15 и 226/15).

Овие одредби во предлог-измените и дополнувањата се предвидува да се применуваат по една година од денот на влегување во сила на овој закон.

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата по скратена постапка се предвидува одложена примена на одредбите што се однесуваат на условите што треба да ги исполнуваат автошколите во делот на видеонадзорот и се вршат интервенции од технички карактер со цел квалитативно подобрување на постојното законско решение, се наведува во предложените измени.

Во Законот е предвидено дека за време на оспособувањето на кандидатот за возач автошколата е должна да има вклучено камера во:

– просторијата, според членот 231 алинеја 2 од овој закон и

– во возилото, според членот 241 став (1) алинеја 5 од овој закон.

За време на оспособувањето на кандидатот за возач, во случај кога во просторијата и во возилото, од ставот (1) на овој член, не се вклучени камерите или се исклучиле, односно не постои соодветен доказ дека е спроведено оспособување, автошколата е должна да го повтори тој наставен час од програмата на свој товар.

На автошколата што постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член ќе ѝ се изрече глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност.

За прекршокот од ставот (3) на овој член, ќе му се изрече глоба и на одговорното лице во автошколата во износ од 30% од одмерената глоба за автошколата.

Прекршочен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на предавачот и на возачот инструктор кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.

Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата предизвика незадоволство и штрајк на автошколите во изминатиот период поради што се предложува условите за основање и за работа на автошколите, во делот што се однесува на видеонадзорот и снимањето со соодветен уред кој овозможува видео и аудиозапис, да започнат да се применуваат по една година од денот на влегување во сила на овој закон.