/ Прочитано:

495

Раст на депозитите и на кредитната поддршка

Вкупните депозити, велат од Народната банка, во септември бележат месечен раст од 0,7%. Растот е одраз на зголемувањето на депозитите кај секторот „домаќинства“ со умерен раст и на депозитите на корпоративнито сектор. На годишна основа, вкупните депозити забележаа пораст од 6,1% при раст на депозитите кај двата сектора, којшто е поизразен кај секторот „домаќинства“.

Вкупните кредити бележат месечен и годишен раст од 0,8% и 7,3%, соодветно. Растот произлегува од зголеменото кредитирање кај двата сектора, коешто е поизразено кај секторот „домаќинства“.