/ Прочитано:

651

Раст на депозитите и на кредитната поддршка

Вкупните депозити бележат годишен раст од 5,2%, при раст на депозитите и на домаќинствата и на компаниите, поизразен кај секторот „домаќинства“. Со корекција за податоците за „Еуростандард банка“ АД Скопје – во стечај, вкупните депозити бележат месечен и годишен раст од 0,5% и 6,9%, соодветно.

 Вкупните кредити бележат годишен раст од 6,9%, како резултат на кредитирањето кај двата сектора. Со корекција за податоците за „Еуростандард банка“ АД Скопје – во стечај, вкупните кредити бележат месечен и годишен раст од 0,3% и 8,8%, соодветно. Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на следниот линк:

http://nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9CD/2020/Soopstenie_za_pecat_monetarni_dvizenja_2020_avgust_mk.pdf