Расте бројот на предмети решени со медијација
Последните две години во земјава има напредок во бројот на предмети решени со медијација. Комората на медијатори бележи над две илјади предмети за 2017/18 година, што покажува дека напорот на медијаторите и поддршката од повеќе страни (Судскиот совет, Врховниот суд, Владата) можат да донесат резултати, информираше членката на управниот одбор на ЕПИ Малинка Ристевска-Јорданова на одбележувањето на Европскиот ден на граѓанска правда од страна на ЕПИ и Комората на медијатори на Република Северна Македонија.
На настанот „Медијацијата и бизнисот – бизнисот расте ако спорот се реши брзо“ се разговараше за развојот на медијацијата во Македонија, за придобивките од медијацијата за подобрување на сликата во судството, затоа што таа во европските агенди, како што кажа Ристевска-Јорданова, е еден од клучните елементи и еден од столбовите на кои се потпираат натамошните реформи во правосудството на ниво на Европа.
„Затоа медијацијата е еден од елементите кои може значително да придонесе да се подобри воопшто сликата за реформите во судството“, појасни Ристевска.
Таа додаде дека е неопходно да се даде многу повеќе поддршка на медијацијата, посебно од страна на Владата, со цел, како што наведе, граѓаните и деловната заедница да ги осознаат придобивките од медијацијата и сè повеќе да пристапуваат кон медијација како начин на решавање на споровите, а уште повеќе како придонес во градење на култура на доверба меѓу странките во едно општество.
Славе Младеновски од Комората на медијатори истакна дека основната интенција на Комората е да стане членка на Меѓународниот институтот за медијација од Хаг, и на домашен терен да ја информираат јавноста што значи медијацијата.
Тој потенцираше дека Комората на медијатори и Владата неодамна потпишале меморандум за соработка, со кој им се препорачува на јавните претпријатија и на државните органи да ја препорачаат медијацијата пред да одат во судска постапка.
„Насловот на темата на конференцијата беше ‘Бизнисот побрзо расте ако спорот се реши брзо’. Ако оваа порака стигне до граѓаните или до правните субјекти, верувам дека ние ќе имаме помалку поделено општество, ќе имаме помалку конфликти, а ќе имаме поголема соработка и партнерство меѓу сите нас“, додаде Младеновски.
Новиот Предлог-закон за медијација на второ читање пред Законодавно-правната комисија
Министерство за правда: Потпишувањето на Сингапурската конвенција за медијација е историски настан
Новиот Закон за медијација со европско знаменце во собраниска процедура
Целта на Законот за медијација е приближување на земјата кон ЕУ, се вели во законското образложение
Драстично зголемување на бројот на предмети кај медијаторите
Европска конференција за медијација во Скопје
Меморандум за соработка меѓу Комората на медијаторите и Владата
Програмата за поддршка на медијацијата донесена од Врховниот суд
Министерството за правда подготвува Закон за медијација
Советите на правните застапници се клучни при алтернативното решавање на трговските спорови
ЗА УЛОГАТА НА АДВОКАТИТЕ ВО ПОСТАПКАТА ЗА МЕДИЈАЦИЈА: Интервју со адвокатот Јане Илијески
АЛТЕРНАТИВНО РЕШАВАЊЕ СПОРОВИ: За медијацијата клучна е довербата
АСОЦИЈАЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА НА МЕДИЈАЦИЈАТА: Медијацијата нуди прифатливи решенија за компаниите
Научно толкување на членот 66 од Преодните и завршни одредби на Законот за медијација
М.В