Ратификација на Протоколот за измена на Конвенцијата за заштита на лица во однос на автоматска обработка на лични податоци
Во собраниска процедура е Предлог-законот за ратификација на Протоколот за измена на Конвенцијата за заштита на лица во однос на автоматска обработка на лични податоци. Целта на оваа Конвенција и протокол, која е донесен во Стразбур, е да го заштити секој поединец, независно од неговата национална припадност или живеалиште, во однос на обработката на личните податоци. Со тоа Конвенцијата придонесува во глобалното почитување на човековите права и слободи и поконкретно за почитување на правото на приватност.
М.В