/ Прочитано:

1.435

Ратификацијата на Конвенцијата  за  намалување на бездржавјанството пред собраниските комисии

Денеска на дневен ред на собраниската Комисија за надворешна политика и на дневен ред на Законодавно-правната комисија се наоѓа Предлог-законот за ратификација на  Конвенцијата  за  намалување на бездржавјанството.

Конвенцијата на Обединетите нации за намалување на бездржавјанството од 1961 година е примарен меѓународен инструмент кој го третира проблемот на бездржавјанството. Суштинската цел на Конвенцијата е да го пропише стекнувањето на државјанство за оние лица кои инаку би биле без државјанство и кои имаат соодветна врска со државата преку раѓање на нејзина територија или потекло од нејзини државјани, како и задржување на државјанството од страна на оние лица кои би станале лица без државјанство, доколку небрежно го загубат државјанството.

Законот за ратификација на Конвенцијата за намалување на бездржавјанството во собраниска процедура

Усвоена информацијата за пристапување кон Конвенцијата за намалување на бездржавјанството

МЗМП: Ажуриран Индексот за бездржавјанство, со краток приказ на македонски јазик

Системски решенија за регистрација на лицата без документи

Европската мрежа против бездржавјанство ги повикува европските земји да го запрат бездржавјанството кај децата

Промовиран извештајот „Ромите припаѓаат – Бездржавјанство, дискриминација и маргинализација на Ромите во Западниот Балкан и Украина“

М.В