/ Прочитано:

1.122

Ратко Младиќ исфрлен од судница

Понеделник, 8 октомври 2012 – Поранешниот генерал на босанските срби Ратко Младиќ, денеска на кратко бил исфрлен од хашката судница бидејќи се смеел и гестикулирал на сведочењето на заштитниот сведок, кој говорел за сексуалното злоставување што го доживеало неговото семејство од страна на српските сили. 

Откако на пултот во хашката судница застанал заштитениот сведок на обвинителството РМ-081, Младиќ почнал да се смее и да гестикулира со рацето. Заради неговото однесување судскиот совет донел одлука тој да биде отстранет од судницата се додека не заврши сведочењето на сведокот. Младиќ бил повторно вратен во судницата откако на пултот застанал сведокот на обвинителстото, Пирс Такер кој за време на војната бил офицер на УНПРОФОР.

Не може да се утврди зошто точно се смеел Младиќ. Неговиот адвокат Драган Иветиќ со вкрстено испрашување му поставувал прашања на сведокот, но бидејќи е заштитен сведок тонот бил исклучен, па новинарите од галеријата ги виделе само насмевката и гестикулирањата на Младиќ.

Во главниот исказ, минатиот петок, истиот заштитен сведок сведочел дека летото во 1992 година во селото Рогатици, српските сили сексуално го злоставувале него, неговата сопруга и двете малолетни деца. Сведочел дека муслиматите од Рогатици биле држени во нехумани услови, секојдневно мачени и тепани, а многу од нив биле убиени од српските сили.

Заради тоа што Младиќ бил отсранет од судницата, неговата одбрана престанала со вкрстено испрашување на сведокот. Тој барал од неговита адвокати да ја напуштат судницата и тој да биде вратен во затворот во Шевенинген, а доколку судот ги отстрани адвокатите од преметот, се заканил дека ќе стапи во штрајк со глад. На своите адвокати им рекол да му ја пренесат пораката на судијата Алфонсо Ори дека не може да ги контролира емоциите слушајќи ги зборовите на сведоците.

По паузата, Младиќ се вратил во судницата откако почнал да сведочи офицерот на УНПРОФОР, Пирс Такер. Тој сведочел дека на средбите со Младиќ и Радован Караџиќ се договарало за исклучување на водата и струјата во Сараево. Според неговото сведочење, се пукало со гранати со цел да се тероризира и да се исели населението од Сараево. Сведокот појаснил дека војската на Младиќ правела етничко чистење не само во Сараево туку и во Сребреница во периодот од 92-рата до 95-тата година.

Ратко Младиќ е обвинет за воени злосторства, геноцид, убиства и насилно иселување на хрватско и босанско население од територија на Република Српска. Судењето продожува утре, со прашањата на адвокатите на Младиќ, до сведоците на обвинителството.