/ Прочитано:

782

Ратко Младиќ отстранет од судница

Петок, 31 август 2012 година – Поранешниот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ, денеска бил исфрлен од судница поради недолично однесување. Судијата Алфонсо Ори неколку пати го предупредил, но Младиќ продолжил непримерно да се однесува, информираа портпаролката на Хашкиот трибунал, Нерма Јелачиќ.

Судењето e одложено поради однесувањето на генералот, информираат од Хашкиот трибунал. Иако Младиќ уште од самиот почеток на 16 мај постојано е опоменуван за непримерно и недолично однесување, денеска кулминирала ситуацијата, а судијата Ори го презакажал судењето за 3 септември.

Генералот за време на сведочењата на сведоците на пишувал големи листови хартија, им ги покажувал на своите адвокати и сведоците. Вртејќи се кон галеријата, публиката забележала дека испишал  1943-1991-1992??????

По втората судска пауза, судијата Алфонсо Ори наредил генералот да биде отстранет од судницата, а потоа рочиштето продолжило. Ова се случува вторпат, Младиќ поради непримерно однесување да биде отстранет од судница.

Поранешниот командант е обвинет за воени злосторства за периодот 1992-1995 година на територијата на Босна и Херцеговина. Обвинетиот во неколку наврати во судницата се жалел на односот на обвинителството и судијата спрема него, истакнувајќи дека овој судски совет не му дава слободно да дише.

Освен поради неговото однесуваање, судењето досега било одложувано и поради неговата здравствена состојба.