Ратко Младиќ повторно во судница
Понеделник, 16 јули 2012 година – Втората експлозија во август 1995 година на сараевскиот пазар Маркале била активирана од страна на српските сили откако врз нив имало воздушен напад од страна на НАТО. Сведокот на обвинителството, Дејвид Харланд во хашката судница зборуваше најмногу за случувањата во Сребреница и Сараево.
Во хашката судница денеска продолжи судскиот процес против генералот на босанските Срби, Ратко Младиќ, обвинет за воени злостроства против човештвото, геноцид и протерување на муслимани и Хрвати од територијата на Босна и Херцеговина, пренесуваат српските медиуми.
Сведокот на обвинителството, Дејвид Харланд на судот му појаснил дека втората експлозија на пазарот Маркале се случила поради воздушниот напад на НАТО врз војската на Република Српска. Според него доколку не се случела екплозијата тој ден, за неколку недели се очекувала друга експлозија од страна на српските сили.
Харланд од 1993 до 1995 година бил официјален политички советник на команданот Руперт Смит, кој го наредил воздушниот напад на НАТО врз српските сили. Тој во судницата објаснувал како и меѓународната заедница го делела мислењето дека без употреба на сила врз српската страна нема да може да се заврши воната во Босна и Херцеговина. Адвокатот на Младиќ, Бранко Лукиќ преку вкрстеното испрашување се обидел да објасни дека српската страна морала за да се одбрани да употреби.
Консензус во УНПРОФОР
Според обвинението против генералот Ратко Младиќ, експлозијата на 28 август 1995 година на сараевскиот пазар усмртила 43 лица, биле повредени 75. УНПРОФОР, преку нивната истрага постигнале консензус дека зад ова злосторство стои српската страна. Меѓутоа адвокатот Лукиќ го потсети сведокот на информациите за вооружувањето на муслиманската страна преку Турција и Иран. Команданот Харланд во судница не ги негирал овие информации, според него властите на САД биле запознаени, но не презеле ништо.
Харланд во својот исказ напомена и за ставот на поранешниот претседател на Босна и Херцеговина, Алија Изетбеговиќ. Според информациите на сведокот претседателот се покајал зошто не го потпишал Кутиљеровиот мировен договор во февруари 1992 година и не се нашло мировно решение за моменталната состојба во Босна. Според договорот, Хрватите ќе презеле 51 % од Босна, а Србите 40 %. Наместо тоа претседателот се одлучил за воен конфликт.
Владата на Босна спречила евакуација во Сребреница
На последното рочиште Харланд ги објаснил случувањата во Сребреница на 12 јули 1995 година. УНПРОФОР барал дозвола од владата на БИХ за евакуација на жителите од Сребреница и околината, според сведокот постои документ што го потврдува тоа. Сепак, предложената евакуација не била дозволена од владата на Босна и Херцеговина. Во однос на ситуацијата во босанската престолнина, Сараево, Харланд сведочел дека градот 44 месеци бил под снајперското око, гранати, бомби и убиства на улиците. Жителите на Сараеви во мирерни услови, без струја, вода и храна секојдневно биле изложувани на терор и мачења. Харланд потенцирал дека од 10 000 жртви во Сараево, само 1000 биле Срби, а не како што вели одбраната на Младиќ дека станува за 5000 загинати Срби
Заврши сведочењето на команданотот Харланд. Судењето продолжува утре со следниот сведок на обвинителството, Ричард Данат, поранешен генерал на вооружените сили на Велика Британија. Тој ќе сведочи како стручно лице од областа на воената команда и контрола.