/ Прочитано:

887

Разбиена балканска група што фалсификувала пари во Австрија

Среда, 19 јуни 2013 – Австриската полиција во соработка со Европол, разби група фалсификатори по потекло од земјите на поранешна Југославија, кои печателе лажни пари за купување на недвижности.

Според австриските медиуми, во полицискиот претрес што се одвивал вчера во 12 станови во Виена, откриени се поголем број работилници во кои се фалсификувале пасоши, лични катри, возачки дозволи и пари и тоа најмногу српски динари, кои биле наменети за крупна трговија со недвижности во Србија.

Истрагата траела повеќе месеци, а акцијата на полицијата е спроведена со учество на специјалните единици.