Разгледан извештајот за проценка на ризикот од перење пари
Владата го разгледа извештајот за спроведена проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам на Управата за финансиско разузнавање и утврди дека извештајот претставува основа за подготвување на Национална стратегија за превенција од перење пари и финансирање на тероризам заради намалување и управување со идентификуваните ризици и последици од перењето пари и финансирањето на тероризмот. Управата го имплементира извештајот во соработка со Советот на Европа.