Разлики во прогласување вонредна и кризна состојба
Глигор Ќатоски, адвокат
Во ситуација кога нашата држава се справува со коронавирусот во јавноста сè повеќе се шпекулира за прогласување на вонредна или кризна состојба на територијата на цела држава. Двете состојби предвидуваат генерално исти мерки, кои би значеле построга контрола и поголеми забрани за граѓаните. Во продолжение на овој текст би сакал да направам јасна дистинкција помеѓу вонредна и кризна состојба од правен аспект.
Прогласувањето на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија или на нејзин дел е предвидено во чл. 125 од Уставот на Република Северна Македонија.
Во согласност со ст. 1 од овој член „Вонредна состојба настанува кога ќе настанат големи природни непогоди или епидемии.“ Со оглед на тоа дека во нашата држава официјално не е прогласена епидемија на коронавирусот, а состојбата со коронавирусот не претставува природна непогода во правна смисла на зборот, тогаш се поставува прашањето дали пред донесувањето на одлука за вонредна состојба треба, односно мора да биде прогласена епидемија. Постапката за прогласување на епидемија е подетално уредена со Законот за заштита на населението од заразни болести.
Со чл. 125, ст. 2, 3 и 4 од Уставот постоењето на вонредна состојба на ниво на цела територија или нејзин дел го утврдува Собранието по предлог на претседателот на Републиката, Владата или најмалку 30 пратеници. Собранието носи одлука со која се утврдува постоење на вонредна состојба со двотретинско мнозинство од вкупниот број на пратеници и може да трае до 30 дена. Со оглед на тоа дека Собранието не е во можност да се состане, одлука за постоење на вонредна состојба донесува претседателот на Републиката и ја поднесува до Собранието на потврдување штом тоа ќе биде во можност да се состане. Претходното практично значи дека претседателот Стево Пендаровски на предлог на Владата може да прогласи вонредна состојба и да започнат да се спроведуваат мерките, ограничувањата и забраните при секојдневното функционирање на граѓаните.
Со чл. 126 од Уставот при постоење на вонредна состојба Владата во согласност со Уставот и закон донесува уредби со законска сила. Ваквото овластување на Владата трае до завршување на вонредната состојба, за што одлука носи Собранието. Ова практично значи дека Владата ќе има простор да донесува уредби со законска сила без тие да поминат низ филтерот на законодавниот дом. Во превод сите одлуки кои Владата би ги донела во време на вонредната ситуација ќе може веднаш да се ефектуираат, а тоа би значело поитно и поефикасно справување со коронавирусот.
Карактеристично за нашата држава е дека постапката за прогласување на вонредна состојба е предвидена само во два члена од Уставот (125 и 126), а голем дел од државите во регионот имаат изгласано посебен закон за прогласување на вонредна состојба. Немањето посебен закон за прогласување вонредна состојба е правен недостаток и потребно е во иднина што е можно побрзо да се донесе посебен закон за прогласување на вонредна состојба во согласност со Уставот.
Прогласувањето на кризна состојба е предвидено со Законот за управување со кризи, кој е понизок правен акт од Уставот. Нашиот Устав познава прогласување вонредна и воена состојба, но не и кризна.
За разлика од вонредната состојба, кризната состојба поставува ограничувања кои може да влијаат врз ефикасноста на владините мерки во справувањето со вирусот. Во согласност со чл. 30 од Законот за управување со кризи „Кризна состојба се прогласува заради справување со кризна состојба која претставува ризик по добрата, здравјето и животите на луѓето и животните или опасност по безбедноста на Републиката или на нејзин дел“ (како што е примерот со Дебар и Центар Жупа). Понатаму, согласно Законот за управување со кризи, кризната состојба не може да трае подолго од 30 дена. Доколку постои потреба од подолг период, тогаш Собранието мора да го одобри тоа (во случајов тоа не е можно) или ако не се продолжи рокот на кризната состојба, тогаш се преминува на прогласување вонредна состојба.
Разликите помеѓу прогласување на кризна и вонредна состојба се следните:
– При прогласување на кризна состојба, Центарот за управување со кризи е надлежен орган кој треба да постапува во согласност со законот. При прогласување на вонредна состојба, Владата е надлежен орган кој треба да постапува во согласност со Уставот и закон.
– При прогласување на кризна состојба ќе биде потребно на територијата на цела држава да се основаат кризни штабови, што би значело ангажман на голем број на лица, што не е препорачливо имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата со коронавирусот. Дополнително, ваквата постапка би траела подолго време, а навременост во постапувањето со коронавирусот е од клучно значење. При прогласување на вонредна состојба Владата преку државниот апарат би можела поедноставно да ги спроведува мерките за превенција и справување со коронавирусот.
– Клучната разлика помеѓу прогласување на вонредна или кризна состојба е во ефикасноста на мерките кои може да се преземат со цел превенција и заштита, како и санација на последиците кои ќе ги предизвика коронавирусот. Прогласување на вонредна состојба дава надлежност на Владата да носи уредби со законска сила која во конкретниот случај е клучна бидејќи таквите уредби без да поминат низ законодавниот дом може да бидат директно применливи на терен. Ваквата предност во поглед на ефикасност во спроведување на мерките за превенција, заштита и санација на последиците од коронавирусот може во исто време да значи и опасност во поглед на концентрирање на целата државна моќ само во извршната власт.
Уставните одредби за вонредната состојба
Кривичниот суд: Ќе се продолжи со судење само на итните и неодложни предмети
Владата: Вонредна состојба веднаш
Кривичниот суд: Вршиме темелна дезинфекција на судниците и на просториите
Управниот суд: Се одложуваат сите судења, освен итните
МВР: Изменето работно време на отсеците за управни работи
Советот на Народната банка донесе неколку одлуки за поддршка на економијата
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување обрасци за даночниот биланс
Донесена пресуда за непридржување до здравствените прописи за заштита од коронавирусот
Граѓанскиот суд: Известување за одложување на рочишта
Предлог за издавање казнен налог против лице кое не се придржувало до здравствените прописи
Филипче: Апелирам до граѓаните да ги почитуваат препораките, eпидемијата е во силен ек
Советот за безбедност: Поставеноста на државата во овој момент е соодветна
Замрзнати цените на основните продукти
Нови заострени мерки за заштита од коронавирусот
Задолжителни упатства на Јавното обвинителство во врска со коронавирусот
Министерството за здравство: Првата пациентка со коронавирус денеска заминува на домашно лекување
Одложување на мартовската уписна сесија
Адвокатската комора: Соопштение за работно време со странки
Адвокатската комора со барање за воведување мерки за заштита од коронавирусот во правосудниот систем
Владата со нови препораки до работодавачите и до Јавното обвинителтсво
Воведена кризна состојба во Дебар и во Центар Жупа
Објавени сите забрани за ширењето на коронавирусот
Најнова листа на земји со среден и висок ризик
Судскиот совет: Граѓаните да се јавуваат во судските постапки само ако е тоа неопходно
Министерството за здравство со нови совети за заштита од коронавирусот
Катастарот со променето работно време
МИОА апелира да се користи можноста за добивање услуги по електронски пат
Нови мерки за заштита од коронавирусот
Арсовска: Потребна е навремена помош за справување со ефектите од Ковид-19 врз економијата
„Фајнанс тинк“ за заканите од коронавирусот за економијата
Филипче: Препораките за заштита од коронавирусот важат и за приватните компании
МТСП: Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште
НБ: Коронавирусот се одразува врз глобалната економија, но сѐ уште се неизвесни економските ефекти
Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка
Кривичните дела и казните за непочитување на препораките на Владата за коронавирусот
Интегрален текст на заклучоците на Владата за заштита од коронавирусот
Министерството за здравство со информации за заштита од коронавирусот
ФИЛИПЧЕ: Граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од овој вирус
Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот
Препораки од Министерството за здравство за заштита од коронавирусот
Владата донесе препораки за заштита од коронавирусот
Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот
М.В