/ Прочитано:

1.473

Разрешен Јово Вангеловски

Поради нестручно и несовесно вршење на функцијата претседател на Врховниот суд, Судскиот совет на денешната седница го разреши Јово Вангеловски. Според Законот, судијата се разрешува од судиската функција поради сторена потешка дисциплинска повреда пропишана со закон што го прави недостоен за вршење на судиската функција и поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција, утврдено со закон.

Предлогот за разрешување на врховните судии беше поради постапката околу овозможувањето на Сеад Кочан да се брани од слобода. За в.д. претседател на Врховниот суд Советот го избра судијата Фаик Арслани.

М.В