/ Прочитано:

258

Реакција за укинатата пресуда за организаторите на 27 април

03.04.2023

Очигледно е дека намерните или ненамерните пропусти за суштествени повреди и натаму остануваат дозволива пракса за некои судии. Затоа, неопходно е веднаш да се добие соодветен одговор, зошто ова се дозволува во континуитет , односно зошто во првостепената пресуда не биле утврдени сите спорни околности, ниту битни факти поврзани со кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Го повикуваме со најдобра намера  Судскиот совет веднаш да реагира и да преземе мерки за утврдување на околностите врз основа на кои е донесена пресудата, да се поведе постапка вклучувајќи ја и  дисциплинска ако се уврди дека некои свесно или несвесно со своите постапки  дозволиле довербата во правосудниот систем да падне на најниско ниво.

Со почит,

Министерство за правда