/ Прочитано:

766

Ребалансот на Буџетот на дневен ред на собраниските комисии

Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија  за 2019 година е на второ читање пред собраниската Kомисија за финансирање и буџет и пред Законодавно-правната комисија. Според Предлогот, вкупните приходи со ребалансот на Буџетот се планирани на ниво од 210,5 милијарди денари, додека вкупните расходи се утврдени на износ од 228,3 милијарди денари. Во овие рамки на планирање расходи и приходи, дефицитот останува непроменет во однос на планираниот со основниот Буџет, односно е со позициониран износ од 17,7 милијарди денари или 2,5 проценти од БДП.

Ребалансот на Буџетот пред пратениците

М.В