Редефинирање на критериумите за наменските и блок дотациите за општините
„Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата за редефинирање на начинот и утврдување на критериумите за наменските и блок дотации за општините, која има цел да обезбеди зголемена фискална автономија на општините за да располагаат со доволно средства за спроведување на пренесените надлежности на ефикасен и ефективен начин, одржувајќи притоа висок степен на фискална дисциплина.
Според информацијата се предлага системот на финансирање со блок дотации да се заснова на начелото на финансирање на надлежности (функции), а не на институции и во таа насока да се унапреди со воведување систем за уедначување и преземање секторски мерки за зајакнување на секторската (функционална) децентрализација“, соопштуваат од Владата.
М.В