/ Прочитано:

517

Редовно соопштение на Народната банка за монетарните движења

Во месец август, велат од Народната банка,  вкупните депозити продолжија да растат, главно под влијание на зголемувањето кај депозитите на корпоративниот сектор. На годишна основа, вкупните депозити растат со стапка од 10%, при зголемување на депозитите и на корпоративниот сектор и на домаќинствата.

На годишна основа, кредитната активност забележа раст од 6,4%. Доколку се исклучи ефектот на извршените отписи на сомнителни и спорни побарувања под влијание на регулаторните промени, годишниот кредитен раст изнесува 7,8%, како резултат на зголеменото кредитирање кај домаќинствата и кај корпоративниот сектор.

Соопштението во целост може да се преземе на следниот линк.

М.В