Регионален проект за професионалниот пристап до информациите за земјиште
Оваа пролет, велат од Агенцијата за катастар на недвижности, се одржаа првите активности на новиот проект за Западен Балкан кој има за цел да се зајакне професионалниот пристап до информациите за земјиште (СПАТИАЛ) во балканскиот регион.
„Вклучените земји имаат амбиција да ги подобрат пристапот и усогласувањето на геопросторните информации. Тие ја изразуваат потребата за ефикасни процеси на креирање политики и донесување одлуки придвижувани од авторитативни географски информации. Подобрувањето на овие процеси ќе го зголеми транспарентниот пристап до информациите. Ова е од суштинско значење за една двосмислена врска меѓу граѓаните и Владата“, велат од Агенцијата за катастар на недвижности.
Во врска со овој проект, посочуваат од Катастарот, генералнитe директори на 5 земји од Западен Балкан остварија студиска посета вo Холандија. Министерството за надворешни работи на Холандија, Вадердингскамер (Холандскиот совет за проценка на недвижен имот) и Катастарот го илустрираа холандскиот амбиент и разменуваа знаење и искуства.
„На оваа студиска посета беше посочено дека разбирањето на разликите и сличностите помеѓу катастарските организации помогна да се создадат нови перспективи и дека знаењето на Катастaрот може да помогне во следењето на процесите во сопствената организација, со што се спречува правење грешки“, велат од Катастарот.
За Македонија и за Србија, додаваат од Катастарот, овој проект е од големо значење и на национално ниво. Во овие земји, проектот ги истакнува специфичните теми, како што се: НИПП, Адресен регистар и масовнa проценка при Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија (АКН) и Републичкиот геодетски орган (РGO) на Србија. Во март е доставен детален план за работа. СПАТИАЛ-проектoт е дел од програмата МАТРА од страна на Министерството за надворешни работи на Холандија. Во рамките на оваа програма, Холандија ги поддржува земјите од Југоисточна Европа со нивните изгледи за пристап во ЕУ.
М.В