/ Прочитано:

807

Регионален семинар за примената на новите технологии во борбата против трговијата со оружје

Денеска во Скопје во организација на Министерството за внатрешни работи и Дирекцијата за меѓународна соработка на Република Франција, а во партнерство со Министерството за надворешни работи на Република Франција, се одржува регионален семинар насловен како „Борба против трговијата со оружје и експлозиви во Западен Балкан – Примена на нови технологии во борбата против трговијата со оружје“.

„Како членка на Обединетите нации, Македонија во континуитет презема активности за реализирање на обврските што произлегуваат од релевантните конвенции и други документи во областа на контролата на оружјето. Во таа насока, Република Македонија во домашната регулатива доследно и целосно ги имплементира меѓународните документи, протоколи, договори од областа на оружјето и експлозивните материи“, беше истакнато на семинарот.

„Неопходно e интензивирање на соработката, како на регионално ниво така и пошироко. Особено важно е да се воспостави соодветен систем за евиденција и контрола на оружјето, кој ќе помогне во понатамошните постапки за пронаоѓање на оружјето со кое евентуално се сторило одредено кривично дело, а со тоа и пронаоѓање на самиот сторител на кривичното дело“, нагласи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на семинарот, додавајќи дека борбата против сите облици на криминал е еден од стратешките приоритети на Министерството за внатрешни работи.

М.В