/ Прочитано:

685

Регионална конференција во Белград за унапредување на човековите права

Претставнички на Хелсиншкиот комитет за човекови права и ЛГБТИ-центарот за поддршка учествуваа на регионалната конференција за унапредување на човековите права која деновиве се одржува во Белград.

Ова е прв регионалeн настан од ваков вид каде што граѓанските организации, институциите што работат на промоција и заштита на човековите права, образовните и други установи се среќаваат на едно место за да разменат искуства и знаења.

Хајди Штерјова-Симоновиќ од Хелсиншкиот комитет на конференцијата учествуваше на панелот „Како да се спречи насилството во семејството? Како ефикасното законодавство може да ни помогне во тоа?“.

Штерјова-Симоновиќ даде осврт на ратификацијата на Истанбулската конвенција и почетокот на нејзината имплементација во нашата земја и зборуваше за постојните законски мерки во оваа област и проблемите во праксата, како и на процесот на донесување на нов Закон за спречување и заштита од родово базирано насилство, вклучувајќи го и домашното насилство.

На настанот се воспоставија контакти со организации и институции од целиот регион кои можат да помогнат во пренесување на позитивните искуства и практики. Хелсиншкиот комитет и ЛГБТИ-центарот се претставија и со свои штандови во рамките на саемот.

M.В