/ Прочитано:

1.294

Регионална конференција за катастар и инфраструктура на просторни податоци

Единаесеттата регионална конференција за катастар и инфраструктура на просторни податоци годинава се одржа во Будва, Црна Гора, од 29 до 31 мај, информираат од Агенцијата за катастар на недвижности.

Секоја национална агенција за катастар и картографија ги презентираше проектите реализирани во периодот помеѓу двете конференции, како и идните планирани проекти, а кои се однесуваат на регионот на Западен Балкан (Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово, Албанија, Македонија и Бугарија). Претставниците од Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, исто така, ги презентираа тековните и идните проекти и остварената меѓународна соработка на институцијата.

Во рамките на оваа конференција се одржа состанок на националните координатори и на Управниот одбор на проектот ИМПУЛС. Се дискутираше за нацрт-текстот на меморандумот за соработка помеѓу институциите од регионот. Членовите на Управниот одбор ја прифатија ажурираната верзија на меморандумот за соработка. Неговото потпишување се планира за септември 2018 година.

Во работниот дел на конференцијата, Шведската агенција за картографија, катастар и регистрација на земјиште – Лантматериет; Норвешката картографска агенција – Картверкет; Агенцијата за катастар, регистрација на земјиште и картографија на Холандија; Јапонската агенција за меѓународна соработка – ЈИЦА, како и претставниците на Еурогеографикс и УНГГИМ ги презентираа приоритетите во меѓународната соработка и финансирањето на регионалните и меѓународните проекти. Беше договорено следната регионална конференција за катастар и инфраструктура на просторни податоци да се одржи на почетокот на јуни 2019 година во Босна и Херцеговина, во организација на Федералната управа за геодетски и имотноправни работи.

Заклучоците од конференцијата, на англиски јазик, можете да ги видите на следниот ЛИНК.

М.В