/ Прочитано:

874

Регионална обука на тема: „Имплементација на Меѓународното хуманитарно право при современи предизвици на НАТО операции“

Среда, 5 јуни 2013 – Денеска во Скопје почнува дводневната регионална обука на тема „Имплементација на Меѓународното хуманитарно право при современи предизвици на НАТО операции“.

Регионалната обука ќе ја отвори државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефаноски.

На работилницата ќе учествуваат претставници од министерствата за одбрана, за надворешни и за внатрешни работи на Хрватска, Албанија и Косово, АРМ, Агенцијата за разузнавање, Дирекцијата за заштита и спасување, како и Центарот за управување со кризи.

Присутните ќе имаат можност преку дискусии и панели, да разменат идеи, мислења и информации поврзани со повеќе теми, како адаптирањето на новите безбедносни предизвици, значењето на меѓународното хуманитарно право, неговото аплицирање за време на процесите за донесување одлуки во операциите предводени од Алијансата, против-терористичките операции и меѓународното хуманитарно право и сл.