Регионална полициска акција — aпсења и претреси за шверц со кокаин
Четврток, 30 мај 2013 – Во меѓународна полициска акција, истовремено спроведена во Србија, Босна и Херцеговина, Холандија, Хрватска и Црна Гора, уапсени се неколку лица под сомение за шверц и препродажба на кокаин од Јужна Америка во Европа, јавуваат српските медиуми.
Припадниците на српското Министерство за внатрешни работи со Обвинителството за организиран криминал, како и полицијата и обвинителствата од повеќе земји, во рамки на координирана меѓународна полициска акција, уапсиле повеќе лица и извршиле претреси на повеќе локации.
„Во меѓународната полициска акција која во исто време е изведена во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Холандија се уапсени повеќе лица поради шверц и препродажба на поголема количина кокаин од Латинска Америка во Европа“ рекол директорот на полицијата во Србија, Милорад Вељовиќ.
Криминалната група е откриена при заплена на 15 килограми кокаин во Холандија на 1-ви ноември минатата година, кога се уапсени две лица.
Во Србија вчера се уапсени две лица, во Црна Гора едно, а на територијата на Хрватска се извршени претреси на неколку објекти.