/ Прочитано:

9.324

Регистарот на вистински сопственици како законска обврска и новина во работењето на Централниот регистар

Директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска – Јанковски, денеска одржа прес-конференција за најновите чекори кои ги презема институцијата за унапредување на поволностите за граѓаните и за сите корисници на услугите на Централниот регистар.

„До крајот на оваа година треба да биде ставен во функција т.н. регистар на вистински сопственици кој подразбира обврска за секој потенцијален субјект да пополни соодветен формулар во кој ќе наведе каде и во колку компании има сопственост, кои се тие, каде има удел, колкава е висината на уделот, каде има акции и каде е евентуално претседател на управен одбор“, рече Бошковска – Јанковски.

Постојните субјекти, појасни директорката, ќе имаат рок од три месеци да се пријават, а при иницијална регистрација ќе треба да се пополни и пријава за регистарот на вистински сопственици.

„Законска обврска има секој да се изјасни каде има удел и сопственост. Кога ќе се погледне во регистарот точно ќе се знае каде некој има сопственост, удел, колкав е тој удел“, додаде директорката.

Инаку, регистрирањето на вистинските сопственици е предвидено во Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, кој е усогласен со ЕУ-директивите.

Според овој закон, а во врска со идентификување и потврдување на идентитетот на вистинскиот сопственик, субјектите се должни да го идентификуваат вистинскиот сопственик.

Субјектите се должни да го потврдат идентитетот на вистинскиот сопственик врз основа на податоци и информации од сигурни и независни извори, во обем адекватен на извршената процена на ризикот, со тоа што ќе бидат уверени кој е вистинскиот сопственик.

„Субјектите, податоците за вистинскиот сопственик ги обезбедуваат од оригиналната или заверената документација од трговски, судски или друг јавен регистар, која не смее да биде постара од шест месеци. Субјектите, податоците за вистинскиот сопственик се должни да ги проверат од регистарот на вистински сопственици, при што, не смеат исклучиво да се потпрат на податоците внесени во регистарот“, се пропишува во Законот.

Во однос на другите новини, Бошковска – Јанковски ја истакна можноста на физичките лица, сами, со дигитален сертификат и без трошоци и регистрациски агенти, да поднесат пријава за упис преку системот за е-регистрација на Централниот регистар.

Бошковска – Јанковски нагласи дека новина е и тоа што се иницира проширување на категоријата регистрационен агент во која, освен адвокатите и сметководителите, би влегле и нотарите и проценителите.

Вистински сопственик на правно лице

Годинава ќе стартува регистарот на вистински сопственици кои ги поседуваат или ги контролираат  фирмите

Централниот регистар од следната година ќе ги регистрира вистинските сопственици на фирмите

Анализата на клиентот според Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам

Субјекти што имаат обврска да преземаат мерки за откривање и спречување на перење пари и финансирање тероризам

Новиот Закон за спречување на перење пари и финансирање тероризам во собраниска процедура

Законски измени за воспоставување регистар на вистински сопственици во рамките на Централниот регистар

Се подготвува Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам

М.В