Регистарот на вистински сопственици ќе се стави во функција на почетокот од 2020 година
Централниот регистар најави дека на почетокот на февруари следната година ќе го стави во функција регистарот на вистински сопственици, којшто ќе покажува каде некој има сопственост, удел и колкав е тој удел, како обврска од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам.
Регистарот на вистински сопственици подразбира обврска за секој потенцијален субјект да пополни соодветен формулар во кој ќе наведе каде и во колку компании има сопственост, кои се тие, каде има удел, колкава е висината на уделот, каде има акции и каде е евентуално претседател на управен одбор.
Инаку, регистрирањето на вистинските сопственици е предвидено во Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, кој е усогласен со ЕУ-директивите.
Според овој закон, а во врска со идентификување и потврдување на идентитетот на вистинскиот сопственик, субјектите се должни да го идентификуваат вистинскиот сопственик.
Субјектите се должни да го потврдат идентитетот на вистинскиот сопственик врз основа на податоци и информации од сигурни и независни извори, во обем адекватен на извршената процена на ризикот, со тоа што ќе бидат уверени кој е вистинскиот сопственик.
„Субјектите, податоците за вистинскиот сопственик ги обезбедуваат од оригиналната или заверената документација од трговски, судски или друг јавен регистар, која не смее да биде постара од шест месеци. Субјектите, податоците за вистинскиот сопственик се должни да ги проверат од регистарот на вистински сопственици, при што, не смеат исклучиво да се потпрат на податоците внесени во регистарот“, се пропишува во Законот.
Вистински сопственик на правно лице
Централниот регистар од следната година ќе ги регистрира вистинските сопственици на фирмите
Анализата на клиентот според Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам
Новиот Закон за спречување на перење пари и финансирање тероризам во собраниска процедура
Се подготвува Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам
М.В