/ Прочитано:

2.096

Регулирање на надомест на плата за привремена спреченост од работа  на вработени лица заболени од ковид-19

„Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за регулирање на надомест на плата за привремена спреченост од работа  на вработени лица заболени од ковид -19, вработени лица кои се во изолација  заради спречување на зараза но се асимтоматични и вработени лица кои имале контакти со заразени лица и се во самоизолација.

Во вториот заклучок по оваа точка се наведува дека висината на надоместокот на плата за привремена спреченост од  работа на вработени лица во министерствата и органите на државната управа, организациите утврдени со закон, другите државни органи, правните и физичките лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и на општините, градот Скопје и општините на градот Скопје, заболени од КОВИД-19 ( Коронавирус), вработени лица кои се во изолација заради спречување на зараза но се асимтоматични (односно немаат знаци на болест), а за кои е констатирано дека се заболени КОВИД-19, ќе се пресметува и исплатува согласно закон и колективен договор.

Согласно заклучоците, се препорачува висината на надоместокот на плата за привремена спреченост од  работа на заболени вработени лица од КОВИД-19, вработени лица кои се во изолација заради спречување на зараза, но се асимтоматични (односно немаат знаци на болест), а за кои е констатирано дека се заболени КОВИД-19, а се вработени во приватниот сектор, да се пресметува и исплатува согласно закон и колективен договор.

Висината на надоместокот на плата за привремена спреченост од  работа на вработени лица кои имале контакти со заразени лица, а кои се вработени во  министерствата и органите на државната управа, организациите утврдени со закон, другите државни органи, правните и физичките лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и на општините, градот Скопје и општините на градот Скопје и се во самоизолација, да се пресметува и исплатува согласно закон и колективен договор.

Со заклучок на Владата по оваа точка се препорачува висината на надоместокот на плата за привремена спреченост од  работа на вработени лица кои имале контакти со заразени лица, а кои се вработени во  приватниот сектор и се во самоизолација“, соопштуваат од Владата.

М.В