/ Прочитано:

1.138

Ревизија на ДЗР во Врховниот суд: Не е донесен правилник за АКМИС-системот, една од забелешките на ревизорите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи на Врховниот суд на Република Северна Македонија на сметката на основен буџет (603) за 2019 година, заедно со ревизија на усогласеност.

„Со извршената ревизија за 2019 година изразивме мислење без резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики. Извршена е ревизија и издаден е извештај за финансиските извештаи, заедно со ревизија на усогласеност за 2012 година, и изразено е негативно мислење за вистинитоста и објективноста на Билансот на состојба, за резултатот од финансиските активности во Билансот на приходи и расходи изразено е позитивно мислење и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики изразено е мислење со резерва“, се вели во извештајот.

Во текот на 2014 година извршена е проверка на преземените мерки од страна на Врховниот суд на РСМ во врска со утврдените состојби и дадените препораки содржани во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2012 година, при што е констатирано дека од 5 дадени препораки 4 се во тек, додека 1 не е спроведена.

Со извршената ревизија на финансиските извештаи за 2019 година, заедно со ревизијата на усогласеност, констатиравме одредени состојби кои имаат влијание на усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики, од кои како позначајни ги истакнуваме следните:

  • не е донесен нов деловник за работа и програма за работа на Врховниот суд на РСМ;
  • не е формирано работно тело за управување со движењето со предметите во Судот, што може да влијае на ефикасноста во решавањето на судските предмети;
  • не е донесен правилник за начинот на функционирање на информатичкиот систем АКМИС, кој се применува во сите судови;
  • во поединечните месечни решенија за исплата на додатоците на плата не се дава образложение за исполнетоста на условите за утврдување на правото за исплата на додатоци, како и за основот за утврдување на нивната висина;
  • потреба од вработување на припадници на судска полиција;
  • не е извршено осигурување на зградата во која е сместен Врховниот суд, какo и на стварите со кои располага.

За утврдените неправилности дадени се препораки до одговорните лица во Врховниот суд со цел преземање мерки за надминување на состојбите. Во делот на нагласување на прашањата за неизвесност или континуитет обелоденети се состојби кои се однесуваат на:

  • не се врши оценување на судските службеници и на припадниците на судската полиција како резултат на недонесени интерни акти од страна на Министерството за правда;
  • недоволен број на систематизирани и пополнети работни места во Одделението за внатрешна ревизија при Судскиот совет, кое треба да врши ревизија на судовите и ревизија на Врховниот суд;
  • во делот на модулот за пресметка на плата при автоматизираниот буџетски менаџмент систем, каде што администрирањето се врши од страна на Судскиот буџетски совет, во основицата е вклучена и вредноста на исклучителната компонента и  средствата кои се обезбедуваат од Буџетот на РСМ, се помали од законски утврдените и потребата за зајакнување и унапредување на капацитетите на АКМИС-системот.
  • Во делот на останати прашања истакнуваме одредени системски слабости кои се однесуваат на:  различно уредување на права на вработените во однос на вреднувањето на минатиот труд;  преиспитување на законските решенија во однос на додатоците на плата за судиите и вработените во судската служба;
  • отсуството на одредби за утврдување на платите на вработените во судовите кои вршат технички и помошни работи и потребно е преиспитување на потребата од промена на образецот за евидентирање на набавките под вредносните прагови.
  • Од страна на одговорното лице на субјектот не се добиени забелешки на Нацрт-извештајот на овластениот државен ревизор.
Целосен текст на извештајот:
М.В