/ Прочитано:

721

Резолуцијата за извинување за повредите на човековите права на граѓаните пред собраниските комисии

Резолуцијата за осуда на масовните повреди на човековите права и извинување на граѓаните е на дневен ред на Законодавно-правната комисија и на дневен ред на Анкетната комисија за човековите права.

„Со Резолуцијата за осуда на масовните повреди на човековите права и извинување на граѓаните, Собранието на Република Северна Македонија како највисок претставнички орган укажува на состојбата и проблемите во областа на почитувањето на слободите и правата на граѓанинот и масовните повреди кои се случиле во периодот од независноста на земјата до денот на донесување на оваа Резолуција, и мерките што треба да се преземат од надлежните институции, политичките партии, јавноста, невладиниот сектор и сите останати субјекти поврзани со почитувањето, заштитата и афирмацијата на слободите и правата на човекот и граѓанинот, при што Собранието апелира Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и судовите да ги имаат предвид заложбите на предложената Резолуција.

Со Резолуцијата Собранието ги реафирмира темелните вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија и сите, согласно Уставот ратификувани меѓународни договори од областа на слободата и правата на човекот, како што се Универзалната декларација за човековите права на ОН, Меѓународниот договор за граѓански и политички права, Меѓународниот договор за економски, социјални и културни права, Европската конвенција за заштита на човекови права и основните слободи со протоколите и другите ратификувани договори кои се составен дел на домашниот правен поредок“, се вели во образложението на Резолуцијата.

Пратеници со резолуција им се извинуваат на граѓаните за повредите на човековите права

М.В