/ Прочитано:

1.315

Ригорозни казни за пијаните возачи, меѓу кои и трајно одземање на возилото – Србија планира измени во Законот за сообраќај

Петок, 18 јануари 2013 – Потполно алкохолизираните возачи кој веќе еднаш се казнети, а полицијата им утврди повеќе од 1, 7 промили алкохол  во крвта ќе се соочат со трајно одземање на возилото без разлика дали истото e во нивна сопственост, српските власти планираат ригорозни казни со измените во Законот за сообраќај, пишува весникот „Блиц“. 

Важните измени во Законот за сообраќај ќе се состојат и во тоа што казните ќе бидат построги за насилно возење. Имено освен парични, возачите за таквото однесување ќе бидат казнети со одземање на дозволата, но во одредени случаи и со затвор. 

„Промените се со цел да се намали бројот на жртви во сообраќајните несреќи“, вели проф. др. Милан Вујаниќ, раководител на групата за измени на Законот за сообраќај во Србија.

Согласно планираните измени, трајно одземање на возачката дозвола е предвидено за возачите кај кои ќе бидат измерени повеќе од 2 промили алкохол во крвта.