/ Прочитано:

1.245

РИСТОСКА: Не пријавивме во МВР дека Крпач прима закани за да го заштитиме неговиот идентитет

„Не се работи само за наша предистражна постапка, туку предистражна постапка води и ОЈО Скопје и ние не би сакале да ја нарушиме нејзината тајност. Она што можеме да го кажеме е дека ние имаме изјава од лицето Коста Крпач дека тој имал закани. За тоа е известено и ОЈО Скопје. Доказите кои ги поседуваме се тука, кај нас, меѓутоа доставени се до ОЈО Скопје сите релевантни информации кои можат да им послужат во таа постапка“, рече Ристоска.

Ленче Ристоска, СЈО

Откако Основното јавно обвинителство потврди дека смртта на Коста Крпач е самоубиство, од Специјалното јавно обвинителство, каде што Крпач беше сведок во предистражна постапка, повторуваат дека сите информации кои можеле да ги соопштат досега, ги соопштиле.

„Не се работи само за наша предистражна постапка, туку предистражна постапка води и ОЈО Скопје и ние не би сакале да ја нарушиме нејзината тајност. Она што можеме да го кажеме е дека ние имаме изјава од лицето Коста Крпач дека тој имал закани. За тоа е известено и ОЈО Скопје. Доказите кои ги поседуваме се тука, кај нас, меѓутоа доставени се до ОЈО Скопје сите релевантни информации кои можат да им послужат во таа постапка“, рече Ристоска.

Неговото пристапување во Специјалното јавно обвинителство и соработката со него, како и исказите дека е под притисок и дека добива закани, според Ристоска, не требало да биде пријавено во МВР.

„Кога имате лице кое бара статус на заштитен сведок, ваша должност е да го сочувате неговиот идентитет, а не да пријавите во МВР дека тоа лице бара таков статус од вас и дека се соочува со закани“, рече Ристоска.

Од СЈО велат дека тие имаат доставено до Собранието предлог-текст за задоволување на потребите на ова јавно обвинителство за измени во законот за заштитени сведоци, но сè уште не знаат до каде е постапката за донесување на таков закон.

Од ОЈО Скопје, пак, пред неколку недели се пожалија дека СЈО не им ги доставило клучните докази поврзани со лицето Крпач, вклучително и доказите за тврдењата дека тој примал закани.

Специјалното јавно обвинителство нема да се впушта во коментари и нема јавно да соопштува податоци кои можат да ѝ наштетат на истрагата за смртта на Крпач, за која веруваат дека ОЈО Скопје професионално ќе ја спроведе.