/ Прочитано:

514

РКЕ предлага домаќинствата да добиваат ваучери за струја и парно директно oд снабдувачот

Субвенции во форма на ваучери за домаќинствата за електрична енергија е една од опциите која се разгледува за да се осигури дека парите кои ќе ги добијат ранливите категории ќе ги потрошат за намирување на сметките за електрична или топлинска енергија, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, Марко Бислимоски.

Втората можност, како што рече Бислимовски во гостувањето во Студио 10 на Телевизија 24, е парите за субвенции да се исплаќаат директно на снабдувачот, кој пак ќе ја намали крајната сметка што ќе треба да ја платат ранливите категории на домаќинства.

„Проширувањето на опфатот на ранливите категории кои ќе добиваат субвенции за намирување на сметките за електрична енергија е приоритет на РКЕ. Таргетирани се домаќинства кои имаат помали вкупни приходи од месечната потрошувачка кошница. Во моментов се анализира да се направи правичен модел, кој подразбира дека тие кои имаат помали приходи ќе добиваат поголема субвенција од државата. Домаќинства кои се во рамките на минималната потрошувачка кошничка ќе добиваат најголема субвенција. Како се зголемуваат тие приходи до одредено ниво, износот ќе се намалува и мерката ќе важи само за ранливите категории“, изјави Бислимовски. (МИА)