/ Прочитано:

1.086

Рочиштето за „Маѓар Телеком“ одложено за крај на август

Четврток, 9 август 2012 – Сеуште не започна судскиот процес во кој ќе им се суди на тројца поранешни челници на „Маѓар Телеком“ кои се обвинети дека сториле криминал во Македонија и Црна Гора. Директорите се товарат дека ја злоупотребиле службената положба, давале мито и потпишувале лажни договори заради обезбедување финансиска корист за својата фирма.

Се гледа почетокот на судскиот процес во кој ќе им се суди на  Елек Штрауб, поранешен претседател и извршен директор на „Маѓар телеком“, мнозински сопственик на македонскиот „Телеком“ и двајца високи функционери во Секторот за стратегија на унгарската компанија, Андраш Балог и Тамаш Морваи.

Од Окружниот суд во Њујорк за црногорските медиуми не прецизирале поради која инволвирана странка во предметот, потготвителното рочиште се одложило, но рекле дека тоа се случува често. Исто така, наместо судијата Ричард Саливан, предметот ќе го води полмадата судијка Рони Амбрас која од минатата година е во судот во Њујорк. Се очекува на закажаното потготвително рочиште за 27 август, да се одреди стартот на главниот претрес.

Некогашните директори на компанијата, во чија сопственост е и македонскиот „Телеком“, нема кривично да одговараат за криминалот за кои се обвинети бидејќи “Маѓар Телеком“ преку договор со американската влада исплати 90 милиони долари и вети дека ќе ги подобри своите контроли во финансиите.

Македонското јавно обвинителство истражуваше дали има корупција во договорот за влез на трет оператор во земјава. Сепак обвинителството го затвори случајот за вмешаност на македонски политичари во аферата „Телеком“.Според нив, нема докази дека примале мито за да спречат влез на трет мобилен оператор во Македонија.