/ Прочитано:

1.742

РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ИСТЕКУВА УТРЕ: Во ДИК се пријавиле вкупно 7 144 спорни гласачи

Од нив 6 935 се прифатени, во обработка се 95 пријави, додека 116 пријави се во фаза на разгледување.

Кампања на ДИК

На само уште еден ден до истекот на рокот за пријавување на спорните гласачи во Државната изборна комисија, кои треба да го регулираат своето избирачко право, одѕивот е мал.

Како што информираат од ДИК, заклучно со денес, 18.8.2016 година, до 14:00 часот, до Државната изборна комисија се пријавиле вкупно 7 144 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список. Вкупниот број на вакви гласачи во Избирачкиот список е 39 502.

На следниот линк можете да го следите бројот на поднесени пријави во реално време.

Од нив 6 935 се прифатени, во обработка се 95 пријави, додека 116 пријави се во фаза на разгледување.

Од ДИК потсетуваат дека рокот за пријавување истекува на 19 август.

Канцелариите на ДИК на 19 август ќе работат до 19:00 часот, додека електронската апликација ќе биде отворена до 24:00 часот.