/ Прочитано:

1.379

„Ровер“ повторно одложен. Бошковски најави дека ќе се залага за подобрување на условите во затворите

„Јас денеска, исто така, сакам да апелирам за условите во затворот и да им помогнеме на затворските управи, на директорите на затворите низ државата за невозможните услови за живот во кои се наоѓаат затворениците во затворите. Сакам сиот мој политички кредибилитет и како лидер на Обединети за Македонија да го насочам во тој правец покрај другите активности и ангажмани – подобрување на условите во затворите и ревидирање на сите постапки на оние стотици затвореници кои се неправедно таму, бидејќи гарантирам дека има многу лица и од Арачиново кои се осудени на доживотен затвор неправедно. Ова е сериозен проблем со кој се соочува Македонија и очекувам дека ќе биде сериозно сфатен и дека ќе биде решен“, изјави Бошковски.

????????????????????????????????????

Процесот за случајот „Ровер“ повторно беше одложен. На закажаното рочиште за првпат присуствуваше поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, кој е на слобода веќе еден месец откако ја одлежа петгодишната казна затвор за случајот „Кампања“.

Судењето не може да започне веќе неколку месеци бидејќи на секое од закажаните рочишта отсуствува некој од обвинетите.

Причината за денешното одложување беше отсуството на обвинетиот Гоце Митровски, кој, како што истакна неговиот бранител, бил на погреб на свој близок роднина во Битола.

Судијата Илија Трпков рече дека за идното рочиште ќе побара известување од Министерството за внатрешни работи за достапноста на првите четворица обвинети кои се недостапни за македонските органи на прогонот уште од почетокот на судењето. Со првостепената пресуда, во отсуство се осудени Предраг Чубрило, Милан Илиќ и Милорад Ковачевиќ на казна доживотен затвор, додека пак Вук Вукичевиќ е осуден на 15 години затвор.

Следното рочиште е закажано за 12 септември.

Пред да влезе на судењето, Бошковски рече дека не сака да зборува за процесите што се водат против него.

„Јас денеска не сакам воопшто да зборувам за случаите „Кампања“ и „Ровер“. За тоа зборуваа многу релевантни институции, како што се: Хјуман рајтс воч, Амнести интернешнал, Хелсиншкиот комитет. Тоа јасно го кажаа и Стејт департментот, тоа беше јасно кажано и во извештаите на Европската Унија“, рече Бошковски.

Тој додаде дека сака да апелира за еден многу сериозен проблем, а тоа се казните за голем број лица за кои тој смета дека се осудени без докази, како и за условите во затворите.

„Денес само ќе зборувам за сериозниот момент во кој се наоѓа нашето судство. Посебно сакам да зборувам за оние луѓе што останаа во Идризово и во другите затвори во државата, за кои гарантирам дека повеќе од 50 %, ако не и повеќе, се осудени без докази. Во овие денови посебно се ангажирам за еден мој пријател од Косово со кого заедно поминавме пет години, господинот Флорим Малоку, кој 8 години лежи за дело што не е докажано. Јас денеска, исто така, сакам да апелирам за условите во затворот и да им помогнеме на затворските управи, на директорите на затворите низ државата за невозможните услови за живот во кои се наоѓаат затворениците во затворите. Сакам сиот мој политички кредибилитет и како лидер на Обединети за Македонија да го насочам во тој правец покрај другите активности и ангажмани – подобрување на условите во затворите и ревидирање на сите постапки на оние стотици затвореници кои се неправедно таму, бидејќи гарантирам дека има многу лица и од Арачиново кои се осудени на доживотен затвор неправедно. Ова е сериозен проблем со кој се соочува Македонија и очекувам дека ќе биде сериозно сфатен и дека ќе биде решен“, изјави Бошковски.

Бошковски додаде дека ова не е најава за негов политички ангажман бидејќи, како што рече тој, никогаш не излегол од политиката и дека пет години, и покрај затворската казна, останал лидер на Обединети за Македонија.

„Мојот политички ангажман е овие денови низ Република Македонија. Поминувам една емотивна километража во средба со граѓаните, во допир на нивните раце и во допир на нивните срца кои ме охрабруваат и ми даваат надеж за Македонија“, вели Бошковски.

Според последните најави од Управата за извршување на санкции, во октомври треба да заврши изградбата на новиот дел на затворот во Идризово кој ќе брои 600 легла.

М. С.

Љубе Бошкоски пуштен од затвор. Му заврши петгодишната казна за случајот „Кампања“

Поради отсуство на дел од адвокатите рочиштето за „Ровер“ повторно одложено