/ Прочитано:

1.246

РСБСП: Поспаниот возач е неспособен да направи нешто за да избегне критична ситуација

„Вентилацијата во возилото треба редовно да се проверува и приспособува, така што во возилото секогаш ќе има свеж воздух и ќе се создаде поволна микроклима. Не претерувајте со прекумерно ладење или греење на просторот во возилото. Многу е важно да одморате во соодветни интервали, да правите кратки паузи, да се освежите и размрдате. Кога ќе правите пауза, пешачењето и вежбите се покорисни отколку седењето. Добро е и да седнете, но во друга положба од таа во која сте седеле во автомобилот. За време на паузите, препорачливо е да се земаат помали оброци лесно сварлива храна (млечни производи, овошје, зеленчук) и освежителни пијалаци (сокови, чај)“, препорачуваат од РСБСП.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) порачува дека поспаниот возач е неспособен да направи нешто за да избегне критична ситуација или судар со друго возило и ги советува возачите кои ќе осетат замор да запрат со возењето и да се одморат и по можност малку да поспијат пред да продолжат да возат.

„На нашето поднебје, заморот како причина за сообраќајна незгода е потценет, а исто така е невозможно да се утврди точниот број сообраќајни незгоди кои се случиле само затоа што возачите биле премногу уморни или заспале зад воланот, но сепак голем дел од сообраќајките кои се случуваат, особено во летниот период, наведуваат на тоа дека заморот е причина за незгода. Овие незгоди често се со многу сериозни последици бидејќи поспаноста и заморот го прават возачот полусвесен и неспособен да направи нешто за да избегне судир со друго возило или излетување од патот“, велат од РСБСП.

Заморот, додаваат, обично се јавува по два часа возење, меѓу вториот и седмиот час возење или откако возачот ќе помине од 200 до 500 километри, во зависност од тоа на каков пат вози. 

„Заморот се манифестира многу слично кај сите возачи. На почетокот се манифестира со желба за спиење, се јавува боцкање во очите, чувство на топлина и укочување на вратот, рамената и рацете, како и слаба циркулација, трнење на нозете и болка во долниот дел на грбот. Сето ова може да доведе до полусвесна состојба и до намалување на способноста за расудување, а најлоша последица е возачот да заспие зад волан бидејќи тогаш последиците најчесто се трагични“, појаснуваат од РСБСП.

За намалување на заморот (поспаност), нагласуваат, корисен ефект има пријатната атмосфера во возилото, разговорот со сопатниците, слушање соодветна музика, како и разни промени кои се случуваат за време на возењето (менување на околината, вегетацијата, менување на условите на патот, ограничување на брзината, менување режими на возење и слично).