/ Прочитано:

1.382

Рударите од „Саса“ ги посочија проблемите пред министерката за труд и социјална политика

Рударите информираа дека не се утврдува степенот на загадување во рудникот, дека редовно се игнорираат стандардите за работа при што нивниот живот се става во опасност, како и дека се оневозможува вистински инспекциски надзор врз работата. Исто така, нотирани се повеќе случаи на рудари кои не можат да го остварат правото на инвалидска пензија, затоа што не можат да ја обезбедат потребната документација од страна на работодавачот. Како што потенцираа вработените во „Саса“, синдикалното организирање е оневозможено и диригирано од сопствениците.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска синоќа одржа средба со рударите од Македонска Каменица. Средбата која беше иницирана од страна на вработени во „Саса“ помина во конструктивна атмосфера и беа споделени информации за сите проблеми со кои се соочуваат во нивната работна средина.

Меѓу позначајните прашања на кои се осврнаа рударите е начинот на пресметка на бенефицираниот стаж, за кој сметаат дека е на нивна штета. Тие, исто така, посочија дека години наназад не им се исплаќа тринаесетта плата. Рударите нагласија дека во согласност со договорот за концесија раководството на рудникот треба да вработи уште 200 лица, за што постои реална потреба, со оглед на обемот на нивната работа. Царовска се обврза дека овие проблеми ќе се разгледаат со сите надлежни институции, но и на ниво на Влада.

На средбата беше опфатено и прашањето за здравје и безбедност при работа. Рударите информираа дека не се утврдува степенот на загадување во рудникот, дека редовно се игнорираат стандардите за работа при што нивниот живот се става во опасност, како и дека се оневозможува вистински инспекциски надзор врз работата. Исто така, нотирани се повеќе случаи на рудари кои не можат да го остварат правото на инвалидска пензија, затоа што не можат да ја обезбедат потребната документација од страна на работодавачот.

Како што потенцираа вработените во „Саса“, синдикалното организирање е оневозможено и диригирано од сопствениците. Министерката Царовска изјави дека максимално ќе работи во насока на заштита на работничките права и дека ќе создаде услови за синдикатите слободно да се регистрираат и функционираат, но посочи дека и самите рудари треба да се охрабрат околу синдикалното организирање и да покажат солидарност со обесправените колеги.

Министерката за труд и социјална политика посочи дека во наредниот период редовно ќе контактира со претставници на рударите и дека ќе ги вклучи и другите надлежни ресори, со цел да се најдат соодветни решенија за бројните посочени проблеми.