/ Прочитано:

909

Европскиот суд за човекови права ја објави статистиката за 2012 година: Русија и Туција лидери во кршење на човековите права

Петок, 25 јануари 2013 – Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП)  ја објави статистика за 2012 година: според вкупниот број на апликации –  Русија, Украина,  Турција и Италија формираат  55 отсто  од сите предмети кои ги добил судот, што ги прави лидери во Европа во однос на прекршување на човековите права. Во регионов, според бројот на пресуди – вкупно 7,  Македонија по Црна Гора спаѓа во една земјите кои најмалку ги прекршила човековите права за изминатата година.

Лидер по бројот на поднесени аликации е Русија, со 28.600 или 22% од вкупниот број на апликации поднесени до ЕСЧП, симултано на ова „Големата мечка“  има и најмногу пресуди,  вкупно 122.  Потоа следат Турција со 117 пресуди, Романија со 70, Украина со 69, Бугарија со 58, Полска со 56 и Грција со 52 пресуди. Вкупниот број на пресуди кои ги донел судот изнесува 1093.

Против Македонија биле поднесени вкупно 736 апликации, од кои во 7 случаи се донесени пресуди, а во 4 од нив е утврдено прекршување на правото на фер судење. Лидер во регионот според бројот на донесени пресуди е Бугарија со 69, а потоа следат Грција со 56, Хрватска со 23, Словенија 22, Србија 12, БиХ и Албанија со 7 и  Црна Гора со најмалку, односно 6 пресуди. 

Претседателот на  ЕСЧП, Дин Шпилман на прес-конференцијата  по повод годишната статистика истакна дека судот успеал да го намали бројот на случаи на чекање од преку 150.000 на почетокот на 2012 година на 128.000 благодарение на примената на нови работни методи. Зголемување од 1 отсто во однос на претходната година, судот забележал во однос на вкупниот број на примени апликации.